https://www.flickr.com/photos/98671051@N03/12222459714/in/photolist-jC4is3-anPPRp-2iDShiX-2m6EYvD-SLyjPA-23LPAR8-2kcGQ5D-2jpJuhZ-RGGt7s-2kaBQiX-3je6Df-Cva2x-8uS1my-pdSryk-vvd3u-2keCzXk-Qjwtv-2n3PCHq-PkFuDq-zv1kni-5D8KRd-5b9nhM-FbBq6C-2mGpgaM-4uBjZm-HenTiR-SJPkcM-2nL6LwZ-6xwpFu-6z3L2C-6yYDpr-9pAdTt-3f5fCs-v3xZgc-7CH6F5-36asDL-PT93zs-3msXuA-2mGkKfL-7KuvFU-ySqFQ7-RskkBJ-QvTL2-9pAdQr-dXMFjF-52cbit-7S771G-w9L7Kc-jFrQeR-2miMdrv

06.08.2024 Скопје

Министерката за финансии и труд Рејчел Ривс изјавила дека ова е една од тешките одлуки што морала да ја донесе, обвинувајќи ги ториевците дека оставаат долгови зад себе.

Надлежните изјавија дека ваквата практика треба да биде дел од пакетот мерки за закрепнување на основите на економијата.

Анализата на фирмата за социјална политика „Политика во пракса“ сугерира дека околу 130.000 луѓе нема да добијат додаток за гориво оваа зима, бидејќи тие се 500 фунти над годишниот праг на приход што им дава право на додаток или кредит.

Генералниот секретар на Националното здружение на пензионери Јан Шорт предупредува дека недостатокот на греење за постарите граѓани ќе значи ризик од зголемени приеми во болница и поголем број на смртни случаи.

„Луѓето ќе го исклучат греењето за да врзат крај со крај“, предупреди тој.

Подготвено од М.Д.

About Author