stip-pastrmajlijada

19.08.2024 Скопје

На 20 и 21 септември во Штип ќе се одржи 16. издание на манифестацијата „Пастрамалијада“. На денешнта прес-конференција Александар Арсовски како организатор од Општина Штип и познатиот македонски водител Миро Кацаров истакнаа дека новата локација за оваа манифестација е улицата „Ванчо Прќе“, а со голем број гости и изведувачи, пастрмајлии и добри вибрации се очекува масовна посетеност и одлична забава. И годинава ќе се одржи традиционалното сечење на џиновската пастрамајлија, како и натпревар во брзо јадење.

„Имаме одлични изведувачи, пред се македонски изведувачи. Имаме и нова локација, ова е трета локација по ред на улицата „Ванчо Прќе“. Мислам дека ќе биде најдобро оваа година, оти ќе биде во центарот, ќе биде масовно и ќе има мнолгу вибрации“, вели Кацаров.

Македонски и странски ѕвезди и годинава ќе бидат дел од пастрмалијадата, со што ќе се понуди забава за сите генерации од седум до 77 години.

Петок настапуваат Антонија Гиговска, Дани Димитровска која се прослави на „Макфест“, ФИС бенд и ѕвезди на вечерта се Лексингтон бенд. Саботата се Дупер бенд, Жаре бербер, Јордан Митев и Петар Грашо, додава Кацаров. Годинава за првпат ќе има и денски забави на едносмерната улица, традиционално околу 30 тезги кои ќе нудат пастрмајлии и пијалоци. На почетокот на септември на редовниот состанок ќе се одреди цената и стандардот на пастрамајлиите. Инаку, до 15 септември улицата „Ванчо Прќе“ треба целосно да биде завршена и да почне да функцира како шеталиште.

Подготвено од М.Д.

About Author