29.08.2024 Скопје

Во главниот француски град синоќа се одржа церемонијата на отворање на Летните параолимписки игри 2024 година.

Како и отворањето на Олимпијадата, настанот со учество на повеќе од 4.000 спортисти не се одржа на стадион. Овој пат тоа се случи во центарот на Париз.

Седумнаесеттите параолимписки игри ќе се одржат во Париз од 28 август до 8 септември 2024 година. Спортистите со попреченост од целиот свет ќе се натпреваруваат во 22 спорта.

Единствена македонска спортистка квалификувана за игрите е Оливера Наковска Бикова која ќе учествува во стрелштво со воздушен пиштол.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *