14.08.2024 Скопје
Одгледувачите на портокали во Сицилија, Италија ги повикаа регионалните и централните власти да помогнат во зачувувањето на производството по појавата на екстремно високите температури и сушата.
Две здруженија на сицилијански одгледувачи на портокал во заедничко соопштение рекоа дека ова лето сериозно го загрози нивното производство од климатски аспект и повикаа на итна акција за ублажување на влијанието на сушата, како што е надградба на брани и акумулации во Сицилија.
Останатите барања на одгледувачите на портокали вклучуваат враќање на одредени локални даноци платени минатата година, попусти на сметките за струја и гориво.
Подготвено од М.Д.