22.08.2024 Скопје
Во Белград до крајот на оваа година ќе се одржи нов тениски турнир АТП-250, објави официјалната веб-страница на АТП.
Турнирот ќе се одржи од 3 до 9 ноември на тврда подлога и во главниот град на Србија ќе се одржи најмалку две години.
Натпреварувањето првично требаше да се одржи во Хихон, Шпанија, но е одложено поради „непредвидени оперативни проблеми“.
Сите други турнири закажани за 2024 година остануваат непроменети.
Подготвено од М.Д.