21.08.2024 Скопје
Продолжува трендот на бегство на работници од Непал од Р.С. Македонија, иако тие требаше да бидат замена за испразнетите места поради иселувањето.
Очигледно дека Непалците не се заинтересирани за македонските плати, туку Р.С. Македонија за нив е само попатна станица кој запад.
Речиси да нема недела, а да нема избегано работници кои во земјава дошле од Непал.
Во Полициската станица Аеродром М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечиле девет лица од Непал, кои биле вработени во фирма во Скопје.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
Во изминатиот период најмалку еднаш неделно има слична пријава.
Пред само три дена беше објавено дека 5 работници од Непал кои биле вработени во фирма во Охрид исчезнале.
„Вчера во 11.35 часот во СВР – Охрид, В.С., 43-годишен охриѓанец, пријавил дека петмина – негови вработени лица од Непал, со привремен престој во градот, на возраст од 19 до 27 години, се оддалечиле од местото каде престојувале“, соопштија од МВР.
Подготвено од М.Д.