mk-768x513

26.08.2024 Скопје

Недостатокот на работна рака и иселувањето државата започна да го балансира со увоз на работници од трети земји.

Според Кристина Ампева од “Гласен текстилец“, повеќе од потребни се итни чекори и мерки за да се задржи и она малку работоспособно население што остана во земјава.

Меѓутоа, дали за странските работници Р.С. Македонија е само транзитна дестинација до европските земји, бидејќи често слушаме дека заминуваат без најава, оставајки ги сите документи.

Одливот на кадри е процес што не може да се запре, но затоа увозот на работна сила е процес, кој не треба да се запре, смета бизнис заедницата. Проблемот е ист во речиси сите балкански држави, заради значително пониските плати кај нас во однос на европските, вели Анѓел Димитров, од Организацијата на работодавачи.

И додека работодавачите се во трка да спасат дел од кадарот, Владата вели дека зад барањата на синдикатите за зголемување на минималецот на 450 евра има политичка позадина. Синдикатите пак апелираат, Владата да донесе мерки за задржување на нашите работници.

Во моментов, се чини дека увозот на работници од странство е само краткорочно решение кое не ги адресира длабоките структурни проблеми во економијата.

Доколку не се преземат конкретни чекори за подобрување на економските услови, може да се очекува дека проблемот со недостигот на работна сила ќе продолжи да се зголемува, што ќе допринесе и за зголемување на негативните последици врз економскиот развој на државата.

Подготвено од М.Д.

About Author