08.08.2024 Скопје
Технолошката компанија Proptech OS објави нов Индекс на паметни градови за 2024 година создаден по истражување и анализа на повеќе фактори.
Што го прави градот паметен – дали е тоа иновативна зелена технологија, ефикасен јавен транспорт, одлични можности за вработување, силен фокус на одржливоста? Според најновиот Индекс на паметни градови на технолошката компанија ProptechOS, сите горенаведени критериуми се вклучени.
Платформата анализираше сè, од пристапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, аеродроми и работни места во технологијата и го круниса новиот „најпаметен град“ за 2024 година.
Оваа година тоа е Париз, а француската престолнина доби оценка од 91,8 од 100. поврзување и инфраструктура и 89,1 на пазарот на труд во технологијата, додека кај зелената инфраструктура доби само 51,4, па вкупниот резултат е 76,4.
Париз го престигна Лондон, победникот во 2023 година. Лондон падна на второто место со оценка 73,1, но постигна многу подобри резултати особено во зелената инфраструктура, со 63 во таа категорија.
Третото место му припадна на Амстердам со вкупно 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисоко на листата.
Берлин беше четврти со 69, а Мадрид петти со вкупен резултат од 68,5.
Списокот на топ-10 паметни градови во Европа се состои од:
Париз
Лондон
Амстердам
Берлин
Мадрид
Лисабон
Стокхолм
Луксембург
Даблин
Копенхаген.
Подготвено од М.Д.