DIJAMANT

23.08.2024 Скопје

Канадската компанија „Лукара“ (Lucara Diamond Corp) пронајде дијамант од 2.492 карати во својот рудник Карове (Karowe) во Боцвана, еден од најголемите ископани досега, соопшти компанијата.

„Лукара“ не го откри квалитетот на скапоцениот камен, но неговата големина ќе го направи вториот по големина груб дијамант некогаш откриен, по 3.106-каратниот дијамант Кулинан пронајден во соседна Јужна Африка во 1905 година. По брусењето и полирањето, стана дел од британскиот крунски накит.

Рудникот Карове е познат по пронаоѓање големи камења, со други значајни наоди, вклучувајќи ги дијамантите од 1.758 карати (Sewelô) и 1.109-каратните дијаманти Леседи Ла Рона.

Денеска компанијата ќе му го подари дијамантот на претседателот на Боцвана, Мокгвееци Масиси. Боцвана е водечки светски производител на дијаманти по вредност.

Јужноафриканската држава минатиот месец предложи закон со кој ќе се бара од рударските компании да продаваат 24 отсто од акциите во рудниците на локални инвеститори откако ќе добијат лиценца, освен ако владата не ја искористи својата опција да го купи уделот.

Подготвено од М.Д.

About Author