14.08.2024 Скопје
Иако повеќето долги тунели се наоѓаат во алпскиот регион на Европа, најдолгиот тунел се наоѓа во една скандинавска земја.
Тунелите се неизбежни доколку сакате да изградите модерни патишта во ридско-планинските предели.
Погледнете ја листата на петте најдолги патни тунели во Европа:
1. Тунел Лардал (Норвешка)
Ги поврзува регионите Лардал и Аурланд во Норвешка и се наоѓа на околу 200 километри од Берген. Неговата должина е 24,51 km, а воедно е и најдолгиот патен тунел во светот.
Работата започна во 1995 година, а тунелот беше завршен во 2000 година. Вкупната цена на работите беше околу 113 милиони долари.
Во тунелот има 15 локации за вртење камиони или автобуси. Воздухот се проветрува и прочистува. За прочистување е задолжена фабрика која исфрла прашина и азотни оксиди од тунелот. Од двата влеза се внесува свеж воздух
2. Тунелот Готард Роуд (Швајцарија)
Тој е дел од комплекс од три тунели и е единствениот патен тунел во целиот комплекс. Завршен е во 1980 година и е долг 16,9 километри.
Ги поврзува кантоните Ури и Тичино во Швајцарија. Поминувањето низ него трае околу 13 минути, а максималната дозволена брзина е 80 km/h.
Тунелот има по една лента во секоја насока, а низ него поминуваат 17.000 возила дневно. Тунелот често е преполн поради густиот сообраќај.
Се подготвува големо реновирање на сегашниот тунел и дупчење и уредување на уште една цевка. Проектот треба да трае до 2027 година и неговата цена е околу 2,7 милијарди франци (2,85 милијарди евра).
3. Тунел Арлберг (Австрија)
Овој тунел долг 13,98 километри ги поврзува австрискиот Тирол и Форарлберг.
Изграден е од 1974 до 1978 година, а неговата цена тогаш изнесувала околу 4 милијарди шилинзи (300 милиони евра). Цената на патарината е 11 евра.
Опремен е со 4 центри за вентилација, 43 камери за надзор на сообраќајот и 16 излезни ниши.
4. Тунел Фрежис (Франција-Италија)
Се наоѓа во северниот дел на Алпите, поврзувајќи ги Франција и Италија. Долга е 12,89 километри и е отворена во 1980 година.
Максималната брзина е 70 km/h, а задолжителното растојание меѓу возилата е 150 m.
5. Тунел Мон Блан (Франција-Италија)
Ги поврзува Италија и Франција. Завршен е во 1965 година и е долг 11,6 километри.
За жал, познат е и по несреќата во 1999 година кога во пожар загинаа 39 лица.
Подготвено од М.Д.