26.08.2024 Скопје
Најголемите нафтени компании остварија огромни приходи и профити во 2024 година, поттикнати од високите цени на енергијата и зголемената побарувачка на глобалниот пазар.
Според достапните податоци, арапската Сауди Арамко доминирала со вкупен профит од 88 милијарди долари во првата половина на 2024 година, додека американскиот Ексон Мобил остварил добивка од 44 милијарди долари.
Британскиот Шел објави профит од 28 милијарди долари, додека американскиот Шеврон заработи 34,2 милијарди долари. Францускиот TotalEnergies објави полугодишен профит од 23,1 милијарди долари.
Вкупните приходи на овие компании се движат од неколку стотици милијарди долари до над трилион долари за најголемите компании како Сауди Арамко, која се проценува дека ќе има приходи од околу 1,5 трилиони долари во 2024 година.
Другите лидери на пазарот, како што се ExxonMobil и Shell, објавија приходи од над 300 милијарди долари секој.
Овие резултати се одраз на зголемената глобална побарувачка за фосилни горива, како и геополитичките тензии кои се одразиле на цената на нафтата. Со оглед на високите цени на енергијата, овие компании успеаја да остварат исклучително високи профити и покрај предизвиците поврзани со транзицијата кон одржлива енергија.
Подготвено од М.Д.