Photo by Pixabay: https://www.pexels.com/photo/industrial-machine-during-golden-hour-162568/

14.08.2024 Скопје

Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три отсто во понеделникот поради стравувањата од можна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, што би можело да доведе до намалување на глобалните резерви на сурова нафта.

Глобалните фјучерси на суровата нафта „брент“ се зголемија на 82,30 долари за барел, што е раст од 3,3%. Фјучерсите на американска сирова нафта West Texas Intermediate пораснаа за 4,2% до 80,06 долари за барел. Во една трговска сесија Брент го забележа својот најголем процентуален пораст оваа година.

Американското Министерство за одбрана во текот на викендот соопшти дека ќе испрати подморница со наведувана ракета на Блискиот Исток додека регионот се подготвува за можни напади врз Израел од страна на Иран и неговите сојузници. Боб Јаугер, директор за енергетски фјучерси во Мизухо во Њујорк, рече дека таков напад може да ги поттикне САД да воведат ембарго на извозот на иранска нафта, што може да влијае на снабдувањето од 1,5 милиони барели дневно.

Во меѓувреме, израелските војници ги продолжуваат операциите во градот Кан Јунис, јужна Газа, по воздушен напад врз училишен комплекс во текот на викендот, при што загинаа најмалку 90 луѓе. Израел соопшти дека бројот на загинати е надуен. Во неделата Хамас го доведе во прашање своето учество во новите разговори за прекин на огнот.

„Пазарот е се повнимателен од конфликти во регионот, изјави Џон Килдаф, партнер во Again Capital во Њујорк. Проширената војна може да го натера Израел да ја нападне иранската нафта и да го отежне производството на нафта за другите големи производители на нафта во регионот, вклучително и Ирак“, предупреди Килдаф.

Подготвено од М.Д.

About Author