27.08.2024 Скопје
Ниту еден македонски универзитет и годинава не се најде меѓу најдобрите 1.000 високообразовни институции во најновата Шангајска листа, на која се дава пресек за најдобрите универзитети во светот.
Трите врвни позиции ги држат универзитети од САД. Универзитетот Харвард веќе две децении е на врвот на листата. Веднаш зад него е универзитетот Стенфорд, а на третата позиција е Институтот за технологија Масачусетс, а потоа следат „Кембриџ“ и „Беркли“.
Од високообразовните институции во регионот, место на Шангајската листа си обезбедија универзитетот во Белград, Нови Сад, Загреб и Љубљана. Меѓу најдобрите универзитети, има шест универзитети од Грција. Универзитетите од Бугарија и Албанија не обезбедија место на престижната листа која се објавува од јуни 2003 година. Во академското рангирање се вклучени повеќе од 2.500 универзитети во светот, а се објавуваат најдобрите 1.000.
Подготвено од М.Д.