10.08.2024 Скопје
Годишниот 10-дневен лов, кој започна пред една деценија, се одржува во мочуриштата на Националниот парк Еверглејдс и има за цел да ја подигне јавната свест за инвазивните видови.
„Тие се многу добро воспоставен инвазивен вид во поголемиот дел од Јужна Флорида, за жал, и во нашите природни резервати“, рече Сара Фанк, портпаролка на Одделот за зачувување на екосистемот на Флорида. „Огромен дел од овој предизвик е да се осигураме дека луѓето ќе го разберат проблемот и ќе разберат дека странскиот вид присутен во земјата од која било причина не треба да биде ослободен бидејќи може да направи голема штета на нашата животна средина“, додаде таа.
Годинава за лов се пријавиле над 600 лица. Од нив 110 пристигнале од други земји, јавуваат американските медиуми. Целта на настанот е да се убијат што повеќе питони на хуман начин, а наградата е поделена на три групи: професионални ловци кои работат за државата, ловци активни во воените служби или воени ветерани и ловци аматери.
Подготвено од М.Д.