19.08.2024 Скопје
Времињата се предизвик за европската автомобилска индустрија, а некои очигледно се подготвени да одат уште подалеку и да ги прогласат за катастрофални. Кога таквите проценки ќе ги изнесе угледниот германски автомобилски аналитичар, Фердинанд Дуденхофер, тогаш треба да се размислува понатаму.
„Се повеќе се збогуваме со автомобилската индустрија во Европа“, објасни Фердинанд Дуденхофер.
Италијанската влада во моментов се обидува да привлече што е можно повеќе кинески производители на автомобили. Партнерствата со Кина во секторот е-автомобили, како што е Италија со Донгфенг, би можеле да успеат, вели експертот, бидејќи Кинезите многу подобро ги разбираат електричните автомобили од европските производители.
Со големото производство и евтините батерии ги имаат сите предуслови за поевтини автомобили, смета тој.
„Европа го преспа клучното време во оваа трка. Патот на италијанската влада е добредојден, смета аналитичарот и најавува дека електричните автомобили се иднината. „Ни треба зголемување, ни требаат субвенции за се“, објаснува економистот и бара и јавни пари за да можат кинеските производители да произведуваат овде.
Сепак, додава, високите царини на Европската унија за кинеските возила како заштита за европските производители е погрешна пресметка.
Посготвено ос М.Д.