01.08.2024 Скопје

Од 60 прегледани граѓани во мобилната амбуланта за бесплатни скрининг прегледи на црн дроб во Куманово, 30 имале проблеми со црниот дроб, за кои не знаеле. Граѓани вчера попладне на Градскиот плоштад дојдоа да направат бесплатен и анонимен тест за хепатит Б, Ц и ХИВ, како и еластографија за проценка на црниот дроб.

„Дури половина од прегледаните граѓани имаа знаци за оштетување на црниот дроб. Ова е доста алармантно. Тоа не значи дека сите имаат инфекција, туку дека имаат лош начин на живот, лоша исхрана, користење на многу лекови, пиење алкохол“, изјави директорот на Општа болница Куманово, д-р Стефан Трајановски.

Мобилната амбуланта за бесплатен и анонимен скрининг за навремено детектирање на болести на црн дроб се организира по повод одбележување на Светскиот ден на црниот дроб.

Национална кампања за скрининг на црн дроб, се одвива во 10 градови во државата, а започна вчера во Скопје и Куманово.

Кампањата ја организираат Министерството за здравство, „Хепар центар“ од Битола и Клиниката за гастроентерохепатологија.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *