https://www.facebook.com/olafscholz/photos/10159990788329311

16.-8.2024 Скопје

Германците долго време се незадоволни од својата Влада, а во новото истражување мнозинството ја критикуваше Владата и канцеларот Олаф Шолц.

На „коалициската Влада на семафорите“, наречена така според боите на трите партии што ја сочинуваат, ѝ оди лошо, велат 62 отсто од испитаниците со право на глас во анкета.

Незадоволни од работата на канцеларот се 58 отсто од испитаниците. Тие, меѓу другото, го обвинуваат и за немањето сила да ја води власта која ја тресат честите кавги. Во последните неколку недели, Шолц не покажа доволно лидерство, велат повеќе од три четвртини од анкетираните, или  76 отсто.

Неодамна, коалицијата на Социјалдемократите (СПД), Зелените и либералите (ФДП)  беше потресена од несогласување околу буџетот. Предлог-законот за буџетот го предложи министерот за финансии Кристијан Линднер, кој е и претседател на либералните претприемачи.

Во анкетата 35 отсто се изјасниле дека виновни за кавгата се либералите, но исто толку одговорни се сите три страни. Сепак, мнозинството од дури 74 отсто сметаат дека коалицијата и покрај уназадувањето ќе опстои до есен идната година за кога е закажан редовниот датум за избори.

Истражување за ЗДФ со учество на 1.344 лица спроведе истражувачкиот центар Вален (Вален) од 12 до 14 август.

Подготвено од М.Д.

About Author