mleko

02.08.2024 Скопје

Во жештините најважно е да останете хидрирани и тоа не е шега.

Логично, кога надвор е топло, вашиот прв избор за освежување е водата. Иако ова е сосема прифатлива процедура, истражувачите од Универзитетот Св. Ендрјус утврдил дека водата сè уште не е најдобриот лек за високи температури, но дека млекото обезбедува најдобра хидратација.

На краток рок, водата, без разлика дали е минерална или обична, е одличен избор за брза хидратација, меѓутоа, истражувачите откриле дека пијалоците со малку шеќер, масти и протеини обезбедуваат подобра хидратација од водата.

Според доктор Ронал Моган, автор на студијата, првиот фактор е количината на течност. Колку повеќе пиете, толку побрзо таа течност се ослободува од вашиот стомак и се апсорбира во крвотокот, каде што ги разредува телесните течности и ве лади.

Друг фактор е тоа што на квалитетот на хидратацијата влијае и составот на хранливите материи во пијалокот. На пример, млекото е многу подобро од водата на ова поле бидејќи содржи лактоза, некои протеини и масти, а овие три елементи го забавуваат процесот во кој течностите го напуштаат желудникот, а со тоа го продолжуваат процесот на хидратација.

Млекото исто така содржи натриум, кој делува како сунѓер во телото, задржувајќи ја водата во телото, што предизвикува намалено мокрење.

Слична постапка се применува и за лековите за рехидратација кои се користат за лекување на дијареа. Овие лекови содржат мали количини на шеќер, натриум и калиум.

„Студијата го потврди она што веќе го знаевме – електролитите како што се калиумот и натриумот придонесуваат за подобра хидратација на телото, додека калориите од пијалоците го забавуваат излачувањето на течности и ја намалуваат количината на урина“, објаснува диететичарката Мели.

Подготвено од М.Д.

About Author