Mickoski-i-kosarkarska-reprezentacija-do-18-godini

07.08.2024 Скопје

Младите репрезентативци кои го освоија Европското кошаркарско првенство за кошаркари до 18 години ќе добијат парична награда од 3 милиони денари, одлучи денес Владата.

„На мој предлог денес Владата донесе одлука за награда во износ од 3 милиони денари на кошаркарите до 18 години кои освоија злато на Европското кошаркарско првенство.
Оваа ‘златна’ генерација донесе 8 победи за Р.С. Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Р.С. Македонија и нејзината спортска промоција“, напиша премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил.

Како што е познато, во неделата јуниорската кошаркарска репрезентација на Р.С. Македонија ја совлада Австрија во финалето на Европското првенство „Б“ дивизија и го освои пехарот на натпреварувањето кое во изминатиов период се одржуваше во главниот град на земјава.

Нашиот национален тим забележа осум победи на осум средби, а покрај над Австрија во финалето, во нокаут-рундата славеше над Португалија и Бугарија, а претходно во групата ги доби Ирска, Кипар, БиХ, Чешка и Украина.

Подготвено од М.Д.

About Author