MASLO VO MOTOR

09.08.2024 Скопје

Редовната замена директно влијае на долговечноста на моторот, го одржува функционален и го намалува ризикот од оштетување.

Со цел правилно да се грижите за состојбата на вашиот автомобил, една од основните задачи е навремено менување на моторното масло.

Редовната замена директно влијае на долговечноста на моторот, го одржува функционален и го намалува ризикот од оштетување.

Меѓутоа, кај возачите често се поставува прашањето – Што е поважно да се следи, километражата или периодот помеѓу две менувања на маслото?

Всушност, важно е да обрнете внимание на двете работи, барем така ќе ви каже секој автомеханичар. Но, што значи тоа? Кај повеќето модерни автомобили, маслото се менува на секои 15 илјади километри или по една година. Некои советуваат дека тоа треба да се прави на секои две години или 30.000 километри, но попожелно е да се прави секоја година, без разлика на километражата.

Самото моторно масло може да го изгуби својот квалитет дури и ако автомобилот се вози многу малку. Слично на гумите што седат во вашиот подрум, дури и ако не се возат, тие со текот на времето ќе ги загубат своите квалитативни својства, велат експертите. Но, некои ќе речат дека маслото треба да се менува на секои 10 илјади километри, ако се работи за возило постаро од 15 години. Значи, во секој случај, треба да се внимава на неколку фактори.

Како што објаснуваат од автомеханичарите, секогаш е добро строго да се следат упатствата на производителот без разлика на староста на автомобилот, но треба да знаете дека американската компанија „Blackstone Laboratories“ спровела студија каде е анализиран квалитетот на маслото од различни производители.

Според оваа студија, при промена на маслото во автомобил најважни се километрите поминати со возилото, а не староста на маслото. „Староста на маслото не е доволна причина да го фрлите, километражата е она што треба да се земе предвид“, се заклучува во студијата.

Џо Адамас, водител на подкастот „Slick Talk: Powered by Blackstone Laboratories“, ја објасни процедурата што ја следеле во текот на истражувањето. Тие анализираа половина полно шише со 14-годишно синтетичко масло Mobil 1 0W40 за да видат дали се распаднало.

Самиот производител тврдеше дека маслото од таа возраст нема соодветно да го заштити моторот. Сепак, Blackstone го подложи на серија тестови за да го потврди ова, анализирајќи различни параметри за мерење на неговиот квалитет, како што се присуството на адитиви, концентрацијата на вода, нерастворливите компоненти, точката на палење, вискозноста и способноста за неутрализирање на потенцијално штетните киселини.

Иако маслото е произведено во 2010 година и се чувало на полица без да се земат предвид условите на животната средина, студијата покажала дека го задржала својот квалитет.

После тоа, Blackstone спроведе тестови на неколку модели на Ford F-150 од 2020 година, некои стари шест месеци, а други до пет години, сите со бензински мотори. Резултатот е дека маслата од автомобили со мала километража не го изгубиле значително квалитетот со текот на времето.

Подготвено од М.Д.

About Author