13.08.2024 Скопје
Светските специјалисти од областа на здравата исхрана предупредуваат дека во никој случај не треба да се претерува со медот, кој вообичаено се смета за здрава храна.
Според нивното мислење, младите не треба да земаат повеќе од две до три лажички од овој сладок нектар дневно, а на лицата кои боледуваат од одредени болести не им се препорачува да земаат повеќе од една лажица во текот на денот.
Дебелите луѓе и оние кои страдаат од дијабетес, атеросклероза или хипертензија треба да бидат внимателни кога ја консумираат оваа храна.
Нутриционистите предупредуваат и дека секој може да биде алергичен на мед, без разлика на возраста.
Оваа храна содржи киселини, намирници кои го иритираат желудникот, па прекумерното консумирање мед може да предизвика гастритис, па дури и чир.
Има уште една работа што многумина ја прават кога медот ќе се згусне по долго стоење (а треба да се процеди за полесно да се користи) или пак подготвуваат некој топол напиток како чај, што е голема грешка. Ако медот се додаде во зовриена вода, тој ги губи своите корисни својства и исто така произведува отров. Ако подготвувате чај, никогаш не го ставајте во врела вода, туку кога ќе се олади и ќе биде уште топол. Температурата на водата не треба да надминува 40 степени Целзиусови.
– Медот произведува диоксометил супстанца во зовриена вода, што е отров – забележуваат експертите.
Подготвено од М.Д.