tramp-mask

21.08.2024 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја разгледа потенцијалната позиција на извршниот директор на Tesla, Илон Маск во неговиот кабинет, доколку победи на изборите во ноември.

„Тој е многу паметен човек. Сигурно би би сакал. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп во понеделникот.

Во истото интервју, Трамп посочи дека е подготвен да го откаже даночниот кредит од 7.500 долари за Американците кои купуваат електрично возило Администрацијата на актуелниот претседател Џо Бајден, исто така, се обиде да го поттикне производството и купувањето електрични автомобили како дел од напорите за справување со климатските промени.

Маск претходно го поддржа Трамп во претседателската трка, како и политички акционен комитет со можност за собирање неограничени донации од корпорации (супер PAC) кои се залагаат за реизбор на републиканскиот кандидат.

Трамп и Маск минатата недела одржаа двочасовен разговор на платформата на милијардерот Х, при што извршниот директор на Tesla сигнализираше дека ќе биде подготвен да прифати позиција во владина комисија за проучување на националниот долг и трошоците на Конгресот.

„Мислам дека би било одлично владината комисија за ефикасност да ги разгледува овие работи за да се увери дека парите на даночните обврзници се трошат на добар начин“, рече тогаш Маск.

Како реакција на ова Маск на Икс напиша „подготвен сум да служам“.

Подготвено од М.Д.

About Author