23.08.2024 Скопје
Претседателот Александар Вучиќ ќе биде домаќин на францускиот претседател Емануел Макрон, кој на 29 и 30 август ќе престојува во официјална посета на Србија, соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.
Двајцата лидери ќе разговараат и за прашања поврзани со вештачката интелигенција (АИ), бидејќи Србија ќе го преземе претседавањето со Глобалното партнерство за вештачка интелигенција, а Франција е домаќин на Самитот за вештачка интелигенција што ќе се одржи во Париз во јули 2025 година.
Исто така, Макрон ќе ја искористи посетата за да ја потврди поддршката на Франција за европскиот пат на Србија.
Подготвено од М.Д.