10.08.2024 Скопје
Македонската теаквондистка, Мила Рељиќ направи голем успех откако во првото коло од Олимписките игри ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс.
Џонс важеше за голема фаворитка во борбата, но Рељиќ имаше одлична борба и направи изненадување победувајќи со 2-1.
Првата рунда македонската такевондистка ја доби со 7:6, а клучен беше еден удар со нога некаде на 20-тина секунди пред крајот на борбата.
Џонс успеа со 4:5 да ја добие следната рунда, а одлучувачката трета рунда која беше максимално израмнета (1:1) и припадна на македонската претставничка поради поголемиот број удари.
Следна противничка на Рељиќ ќе биде Летиција Аоун од Либан.
Подготвено од М.Д.