police-at-drenthe-farmhouse

29.08.2024 Скопје

Во Холандија е зголемен бројот на инциденти во кои измамниците се претставуваат како полицајци, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека минатата година имало околу 400 такви случаи, додека годинава биле евидентирани над 2.400.

„Бројот на инциденти со лажни полицајци е значително зголемен. Измамниците се претставуваат како полицајци. Во 2023 година имало околу 400 случаи, но годинава нивниот број веќе достигна повеќе од 2.400“, се наведува во полицискиот извештај.

Според полицијата, жртви на овие измами се претежно постари лица.

„Тие добиваат повик за кражби во нивната област. Исто така, повикувачот нуди брзо да испрати службеник на местото на настанот, кој потоа ги зема вредните предмети, наводно на чување. Има луѓе кои на овој начин ги изгубиле сите свои заштеди, наследства или уметнички дела, бидејќи нивните работи им биле дадени на чување на лажни полицајци“, рече портпаролот на полицијата.

Тој додаде дека има повеќе такви случаи, но не сите пријавуваат дека биле жртви на измама.

Полицијата ги повика сите да пријават вакви случаи и предупреди на неколку криминални групи кои дејствуваат низ Холандија.

Подготвено од М.Д.

About Author