ZIMNICA KORA OD LUBENICA

08.08.2024 Скопје

Зимница од кора од лубеница е како кисели краставички и уште подобара. Искористете ја кората од лубеница и направете ја оваа одлична зимница.

Состојки:

Кората на една лубеница, исчистена од црвените делови
1-2 пиперки бабури
1 лута пиперка
7 ловорови листови
6 чешниња лук
1 китка магдонос
2,5 лажици сол
сок од лимон само на врвот на лажичка
100 мл балсамико оцет
150 ml ладна вода
Подготовка:

За да направите зимница од кора од лубеница, прво исечете го целиот потребен зеленчук. Исечете ја кората од 1 лубеница на поголеми парчиња и излупете го зелениот дел од кората, а потоа исечете ја на мали парчиња со големина на прст.

Подгответе тегли за зимско складирање. Во теглите ставете дел од подготвените кори од лубеница, потоа грст сечкан млад кромид, а врз него неколку чешниња лук. Потоа фрлете неколку парчиња сечкана лута пиперка, па ловоров лист, неколку парчиња, а потоа еден дел од китката магдонос. Одозгора повторно ставете парчиња кора од лубеница, одозгора уште малку бабура и ловоров лист и магдонос.

Подготвено од М.Д.

About Author