29.08.2024 Скопје
Владата на Хрватска донесе нов закон со кој се регулира изгледот на фасадите на зградите и конкретно се решава прашањето за надворешните климатски единици.
Новиот закон предвидува драконски казни, па оние чија клима ќе се гледа на улица ќе платат казна до пет и пол илјади евра.
Граѓаните се со поделени мислења. Додека едни мислат дека тоа е проблем на градот и дека на зградите со тераси надворешните единици не мора да ја оштетуваат фасадата туку можат да се сокријат на терасите, други велат дека тие се неопходно зло за климата и дека многу луѓето немаат каде да ги стават освен на фасадите .
Клима уредите останаа дури и во зградите што беа подложени на енергетско реновирање.
„Зградите навистина ни изгледаат како катастрофа. Секако дека уште повеќе се истакнува шаренилото со клима уредот, но не е лесно. Тие што ги поставија тие стари климатизери можеби ќе треба да ги сменат и цевките“, вели Неџељко Тишљер.
Повеќето згради се запуштени, а законот стапува на сила од Нова година. Сепак, тој нема да се применува ретроактивно бидејќи непослушните станари или изведувачи би можеле да платат високи казни.
„Оној што сега ќе постави клима на делот од фасадата што се гледа од улица, тој изведувач може да биде казнет од 5.000 до 10.000 евра, како и косопственикот на зградата од 1.000 до 5.000 евра“, рече. Жељко Ухлир, државен секретар на Министерството за градежништво.
Заедно со клима уредите, дел од новиот Закон за управување со згради се и последователните пренамени на просторот, како што се затворање тераси или лоѓи.
Имаме неколку станари кои ги затворија лоѓите и ги легализираа, но имате и многу станари кои штотуку ги затворија“, рече претставникот на станарите.
„Не е важно дали е Сплит или Карловац. Предолго не се менаџираат добро зградите. Не само затоа што градовите ни изгледаат грдо, туку и односите меѓу станарите се нарушени и правилата не се јасни“ – рече Улир.
Заедно со инспекторите за ред ќе бидат задолжени и комуналните редари.
Тие климатизери се уште се поставуваат на фасадата. Дури и занаетчии кои треба да ги предупредат своите клиенти за тоа, не го прават тоа, туку го поставуваат. Досега не сум слушнал дека некој е казнет за тоа, рече претставникот на станарите.
Подготвено од М.Д.