27.08.2024 Скопје
Автономната влада на Каталонија на истокот на Шпанија ја казни крајнодесничарската градоначалничка Силвиа Ориолс со 10.000 евра поради навреда кон муслиманите изречени во телевизиска програма.
Ориолс, градоначалничка на округот Рипол во Жирона, Каталонија, и членка на каталонската националистичка крајнодесничарска партија Алианца Каталана во регионалниот парламент, е казнета како дел од истрагата покрената против неа поради исламофобични изјави.
Ориолс, која е казнета со 10.000 евра во согласност со законот кој има за цел борба против исламофобијата и ксенофобијата во регионот на Каталонија, изјави дека муслиманите кои живеат во Каталонија „претставуваат закана за каталонскиот идентитет“.
Ориолс по пресудата оцени дека „казната што ја добила претставува напад врз слободата на изразување“.
Според официјалните податоци, во Каталонија, регионот во кој живеат најмногу муслимани во Шпанија, има речиси 700.000 муслимани.
Подготвено од М.Д.