JAPONIJA TOPLOTEN BRAN

07.08.2024 Скопје

Повеќе од 37.000 луѓе биле лекувани во болниците поради топлотен удар низ Јапонија од 1 до 28 јули, соопштија официјални лица.

Според јапонските медицински служби, голем број од 123-те лица кои починале од топлотен удар биле постари лица.

Според извештаите, само две лица починале на отворено, а повеќето од загинатите не користеле климатизери и покрај тоа што им биле инсталирани.

Ова е најголем број на смртни случаи во Јапонија од топлотен удар, откако во јули 2018 година во Токио беа регистрирани 127 смртни случаи.

Просечната температура во Јапонија во јули оваа година била за 2,16 степени Целзиусови повисока од просечната во последните 30 години, што е најтоплиот јули откако Јапонската метеоролошка агенција почнала да води евиденција во 1898 година.

Во поголемиот дел од Токио и западна Јапонија денеска е на сила предупредување за висока температура, а во центарот на Токио е измерена температура од околу 34 степени.

Метеоролозите предвидуваат температури од 35 степени и повеќе во Јапонија во текот на овој месец.

Подготвено од М.Д.

About Author