07.08.2024 Скопје
На крајно емотивната објава на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не остана имун ниту сопственикот на социјалната мрежа „Х“ и најбогат човек на планетата – Илон Маск.
По освојувањето на златниот медал на Олимписките игри во Париз, Ѓоковиќ со трогателна порака ги воодушеви љубителите на спортот ширум светот.
„Никогаш не би можел да се откажам од сонот за освојување на овој златен медал, како што луѓето во Србија никогаш не се откажаа од мене. Заедно, верувавме во невозможното. Иако јас сум тој што го носи овој медал, сакам секој Србин да знае дека ни припаѓа на сите нам“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм, а потоа додаде:
Претставувањето на нашата нација е најголемата чест во светот. Овој медал, овие моменти, овој живот, ништо не би било возможно без вашата непоколеблива поддршка. Ова е заради вас. Ова е за вас. Ви благодарам.
Неговата порака го воодушеви дури и познатиот Илон Маск, кој експресно остави коментар.
„Честитки“ напиша Маск и покрај него постави српско знаме.
Ѓоковиќ набрзо му се заблагодари на познатиот милијардер.
„Благодарам Илоне“, напиша Новак.
Подготвено од М.Д.