07.08.2024 Скопје
„Стокман“ го купи рускиот бизнис на германскиот производител на облека и додатоци „Хуго Бос“.
„Можеме да потврдиме дека нашата руска подружница е продадена на ‘Стокман’, компанија во сопственост на еден од долгогодишните партнери на големо на „Хуго Бос“ во земјата“, соопшти „Хуго Бос“. Финансиските услови на договорот не беа откриени од ниту една страна, забележува агенцијата.
На крајот на април, Виктор Евтухов, кој во тоа време ја извршуваше функцијата државен секретар и заменик-шеф на Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација, објави дека владиниот поткомитет го одобрил договорот за продажба на руската подружница на „Хуго Бос“ на „Стокман“.
Во март 2022 година, „Хуго Бос“ ги затвори своите продавници и го суспендираше онлајн тргувањето во Руската Федерација поради руската инвазија на Украина.
„Хуго Бос“ е еден од најголемите производители на облека во Германија. Во 2022 година, тој имаше 19 продавници во Москва, Московскиот регион, Санкт Петербург и Ростов на Дон.
Подготвено од М.Д.