29.08.2024 Скопје
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска не смее директно да се вклучи во конфликтот меѓу Русија и Украина, но дека сепак може да му обезбеди на Киев хуманитарна помош и воена опрема.
„Направив се и ќе направам се во иднина за да спречам каква било вмешаност на хрватските војници во војната во Украина на кој било начин, вклучително и учество во центри за обука. Дали некој ќе и даде воена опрема на украинската армија, тоа не е моја надлежност и нема да се мешам во тоа“, рекол Милановиќ.
Претходно, хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ најави дека земјата следната година ќе одвои 66,6 милиони евра за помош за Украина.
Подготвено од М.Д.