TURISTI HRVATSKA

28.08.2024 Скопје

Во Шпанија граѓаните протестираат против премногу туристи. Во исто време, оваа земја не е ни блиску до врвот кога е во прашање бројот на туристи по глава на жител. Тука водат Хрватска и Црна Гора. Рекордер меѓу градовите е Дубровник.

Кога станува збор за поимот „overtourisam“, повеќето луѓе пред се помислуваат на Мајорка, Венеција или Барселона. туристи кои, како што тврдат, им одземаат простор за живеење.

Во исто време, Барселона не е ниту меѓу првите 18 градови на листата на европскиoт портал Холиду според бројот на посетители по глава на жител. Прв на оваа листа е Дубровник со 27 посетители по глава на жител на градоте. Следи грчкиот Родос со 26 и само на трето место е Венеција со 21 турист по глава на жител. Со седум посетители по глава на жител, Париз е само на 12 место на оваа листа. Барселона, градот во кој демонстрантите бркаат туристи со водени пиштоли, е дури на 20-то место.

Берлин, чии граѓани со години се жалат дека „не можат да дишат“ поради забавните туристи, е на 33 место со само 2 посетители по глава на жител.

Ако се земе предвид бројот на ноќевања во однос на бројот на жители, на прво место се туристичките центри во Егејското Море, пред се островот Санторини.

Во однос на бројот на туристи за 2023 година, според Канцеларијата за туризам на Обединетите нации за туризам на ОН, со 16,9 милиони, Хрватска е далеку зад, на пример, Франција, која со своите 100 милиони посетители (меѓународни туристички пристигнувања) е на прво место пред Шпанија со 85,2 милиони, САД со 66,5 милиони и Италија со 57,2 милиони.

Но, листата на земји со најголем број туристи по жител ја предводи Хрватска со 4,3 посетители по глава на жител. Црна Гора бележи приближно иста вредност. По неа следат Австрија со 3,4 и Грција со 3,1 туристи по глава на жител. Високи вредности секако бележат оние туристички дестинации каде живеат релативно малку жители, што се однесува на Хрватска со околу 3,8 милиони жители, но и на Црна Гора со само 600.000 жители. Постојат и градови-држави како Монако, Андора или Ватикан.

Во земји како Шпанија со околу 48 милиони жители доаѓаат 1,8 туристи по жител. Во Италија соодносот е 1:1, а Германија со над 82 милиони жители нема ниту половина од бројот на туристи по глава на жител.

Подготвено од М.Д.

About Author