01.08.2024 Скопје
Со децении, гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим е заштитен од распаѓање со метална конструкција, која ги држи мермерните блокови нагризани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите. Беше целосно запечатен повеќе од два века, а првпат го отворија грчки научници пред неколку години.
Христијанските заедници во Светата Земја пред неколку месеци започнаа со обновување на тешко оштетеното вечно место на Исус.
Грчки експерти беа задолжени за реконструкцијата, а целиот процес го сними National Geography за потребите на документарецот. Ликот на Исус може да се види во тесен дел од просторот, под скриен панел. Пронајдени се бројни материјали кои се проследени на понатамошна детална анализа.
Отворањето на гробот на експертите ќе им даде единствена можност да го испитаат првобитниот темел на најсветото место на христијанството – истакнаа археолозите во тогашните медиуми, а видеото го објави „National Geographic“ во 2016 година.
Подготвено од М.Д.