23.08.2024 Скопје
Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули.
Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни.
Според истражувањето на ЕЦБ, потрошувачите се попесимистички за економијата бидејќи очекуваат економијата да се намали за еден отсто во следните 12 месеци, во однос на 0,9 проценти во јуни.
Подготвено од М.Д.