13.08.2024 Скопје
Минатата недела во Црна Гора влегле 3935 лица од Украина, додека земјата ја напуштиле вкупно 3307 луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи во Подгорица.
Вкупно 1072 граѓани од трети земји, вклучувајќи и Украина, поднеле барање за азил во Црна Гора во периодот од јануари до јули годинава. Ова претставува драстично зголемување во споредба со претходните години, бидејќи во цела 2022 година биле поднесени само 287 барања.
Црна Гора ја одобрува процедурата за добивање на статус на азил за украинските државјани кои бегаат од руската инвазија. Во Подгорица се одржуваат редовни протести и настани од страна на украинската заедница, која бара поголема поддршка и хуманитарна помош од меѓународната заедница. Украинската амбасада во Црна Гора активно ги поддржува овие иницијативи.
„Црна Гора се покажа како сигурно прибежиште за украинските граѓани и продолжуваме да им пружаме поддршка“, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи.
Подготвено од М.Д.