08.08.2024 Скопје
Илјадници демонстранти против расизмот ги исполнија улиците на Лондон и другите градови за да протестираат против повикот за повеќе антиимигрантски маршеви на екстремно десничарските групи во Велика Британија, кои протестираа во последните денови.
Илјадници полицајци беа распоредени во британската престолнина Лондон, соопшти Метрополитен полицијата.
Дополнително, околу 1.300 специјалци беа во зголемена готовност во случај на сериозни проблеми во Лондон.
До средата вечерта, демонстрантите против расизмот ги исполнија улиците со пораки во кои ги поздравија имигрантите, бегалците и барателите на азил.
Големи и мирни протести имаше и во градовите Бирмингем, Шефилд, Ливерпул и во Бристол.
Подготвено од М.Д.