Poshta-skopje

09.08.2024

Централната пошта во Скопје ќе стане мултифункционален културен центар, соопшти министерот за култура Зоран Љутков.

Во позитивна атмосфера беше остварена средба помеѓу министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, државниот секретар на министерството за култура и туризам, Марија Ѓоргова и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир.

На средбата беа изразени заложбите за заеднички ангажман и целосна посветеност за откочување на процесите за реализација на конзерваторско-реставраторските работи на Шалтер-салата од Централната пошта во Скопје.

„Објектот на Шалтер-салата претставува своевиден белег на постземјотресно Скопје и урбаниот развој на градот. Ова ремек-дело на архитектот Јанко Константинов настрада во пожар во 2013 година. За жал, тогаш беа целосно уништени монументалните кубистички мурали со сцени од Народноослободителната борба на македонскиот народ, дело на доајенот на македонскиот сликарство, Борко Лазески. Со конзерваторско-реставраторски работи на ова наше културно наследство ќе се врати сјајот на објектот кој ќе биде адаптиран во Мултифункционален културен центар со содржини кои ќе ја збогатат културната понуда на Скопје“, порача Љутков.

Подготвено од М.Д.

About Author