penzioneri

08.08.2024 Скопје

Повеќе од 1,3 милиони германски пензионери работеле на крајот на 2022 година. Овој податок е наведен во владиниот одговор на собраниската анкета на опозициската партија и се работи за официјален статистички податок. Од вкупниот број пензионери, 1,1 милион продолжиле да работат по навршување на 67 години за пензионирање, односно по моментот кога пензијата била ослободена од одбитоци.

Од наведениот број пензионери, 888.000 работеле на т.н. мини работни места, додека 240.000 работени на работни места со подолго работно време. Од вкупниот број вработени пензионери, 53 отсто се мажи. Дадените податоци се најнови, односно не се достапни понови податоци. Во последните години се зголемува бројот на оние кои продолжуваат да работат и по пензионирањето.

Левичарскиот парламентарец Матијас В. Бирквалд изјави дека е неподносливо што пензиите во Германија се толку ниски што многу пензионери зависат од тоа да продолжат да работат. По најмалку 35 години стаж, германските пензионери имале просечна пензија од 1.400 евра во 2022 година. Висината на пензијата зависи од висината на платата во текот на работниот век и износот што се уплаќа во пензискиот фонд. Сепак, парите не се единствената причина за работа по пензија, туку и „забавата“ на работа или потребата за значајна задача и социјален контакт.

Подготвено од М.Д.

About Author