13.08.2024 Скопје

Заканата од исламистички тероризам во Германија „останува висока“, изјави денеска германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер.

Таа ја даде својата изјава неколку дена откако беа откажани концертите на пејачката Тејлор Свифт во австриската престолнина Виена поради тврдењата за планиран напад.

Фезер рече дека безбедносните сили во соседна Австрија се соочиле со „сериозна исламистичка закана“ кога спречиле план за напад на концертите на Свифт минатата недела.

„Нашата земја е исто така во центарот на вниманието на џихадистичките организации“, рече Фезер и ја спомна групата „Исламска држава“ и еден од нејзините ограноци, „Исламската држава-провинцијата Хорасан“.

„Исламистичките терористички организации, но и поединечни исламистички сторители кои често се радикализираат во голема мера сами од себе, се опасност која постои“, рече министерката.

Таа ова го изјави по посетата на седиштето на германската агенција за внатрешно разузнавање во Келн.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *