New,Potato,Isolated,On,White,Background,Close,Up

19.08.2024 Скопје

Минатата година во Европската унија се произведени 48,3 милиони тони компири, а најмногу во Германија каде се произведени 11,6 милиони тони компир или 24 отсто од вкупното производство во ЕУ.

Втора по големина производител на компир во ЕУ минатата година е Франција со учество од 17,9 отсто, а трета Холандија со 13,4 отсто.

Наведените три земји сочинуваат мнозинство минатата година, поточно 55,4 отсто од вкупното производство на компири во Европската унија.

Производството во ЕУ е благо зголемено во споредба со 47,5 милиони тони во 2022 година, но долгорочниот тренд е крајно негативен.

Ако се споредат минатогодишните податоци со оние од 2000 година, производството на компир во Европската унија е намалено за 36,7 отсто или за 27,9 милиони тони.

Според податоците од 2020 година, во Европската унија се регистрирани 9,1 милион земјоделски домаќинства, од кои еден милион домаќинства произведувале компир.

Многу мал број домаќинства во ЕУ, само 25.000 или 2,5 отсто, произведуваат органски компири.

Најголем процент на домаќинства кои се занимаваат со производство на органски компир е забележан во Австрија со 25,6 отсто.

Подготвено од М.Д.

About Author