05.08.2024 Скопје
„Треба да се воведат контроли на унгарските граници, тоа е законски можно. Сега соседните земји како Австрија, Хрватска, Словачка и Романија се на потег“, рече министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Михаел Штубген (Христијанско-демократската унија ЦДУ).
Во интервју, тој рече дека оваа мерка е неопходна откако Унгарија го олесни визниот систем за граѓаните на Русија и Белорусија и го олесни полесното доселување на работна сила од овие земји.
„Неприфатливо е членка на Европската унија да ги пушта Русите во земјата повеќе или помалку неконтролирано“, рече Штубген.
Неговиот колега и шеф на Европската народна партија, Манфред Вебер, исто така побара Унгарија да биде санкционирана поради олеснување на влезот на руски и белоруски граѓани.
„Шпиони и убијци на Путин веќе им нанесоа голема штета на Европската унија и Германија…кој ги пушти Русите во ЕУ без проверка силно ја загрозува безбедноста на Европа“, рече Вебер, додавајќи дека потегот на Унгарија „мора да има последици. ”
Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД) изјави дека по руската агресија врз Украина, опасноста од руска шпионажа и саботажа е зголемена.
„Затоа членките на ЕУ мора да го зголемат нивото на заштита наместо да создаваат потенцијални влезни рути“, рече министерката преку нејзиниот портпарол.
Подготвено од М.Д.