22.08.2024 Скопје
Германците трошат најмалку за храна во споредба со другите членки на Европската Унија(ЕУ).
Иако цените скокнаа, сепак германските потрошувачи трошат помалку на храна, медицински услуги и нега од граѓаните на која било друга земја членка на ЕУ, објави германската агенција ДПА. Учеството на овие трошоци во личната потрошувачка лани со 13,4 отсто, е помало од останатите 26 членки на ЕУ, покажуваат податоците од студијата на институтот за истражување на пазарот НИКЈУ.
Германија забележала најсилен раст на купувањето со попусти во Западна Европа, со пораст од 14 проценти.
Подготвено од М.Д.