08.08.2024 Скопје
Продажбата на електрични автомобили во Германија падна за 37% во јули оваа година, во споредба со истиот месец во 2023 година.
Тоа е најголемиот пад откако владата ги укина стимулациите за електрични возила минатиот декември.
Според податоците објавени од германската Федерална управа за моторен сообраќај, во јули се регистрирани вкупно 238.263 нови регистрации на приватни автомобили.
Продадени се 83.405 бензинци, 79.870 хибриди, 43.107 дизели, 30.762 EV, 1.078 LPG автомобили и само три CNG автомобили.
Уделот на електричните возила на германскиот пазар во јули падна на 12,9%, од 20% пред една година.
Месец по месец паѓа продажбата на електрични автомобили во Германија, но и во многу други европски земји, што принудува многу производители на возила и добавувачи на делови за автомобилската индустрија да ја променат својата стратегија.
Подготвено од М.Д.