28.08.2024 Скопје
„Патролниот брод на ФАА „Ла Конфианс“ пресретнал рибарски брод во ноќта помеѓу 14 и 15 август и на овој начин биле откриени приближно 300 големи пакувања кои биле позитивни на кокаин. Вкупно запленети се 10.552 килограми од оваа дрога, што е второто најголемо заплена на француската морнарица“, се вели во соопштението на ФАА.
По пресретнувањето, бродот и неговиот товар биле одвлечени до пристаништето Форт-де-Франс во Мартиник и предадени на карипската филијала на Канцеларијата за борба против наркотици (Офаст), на која ѝ е доверена истрагата.
„Покрената е судска истрага за наводи за кривични дела против законите за наркотици во кои е вмешана организирана криминална банда, криминален заговор и поседување оружје од Б класа“, се вели во соопштението.
Се прецизира дека девет лица, шест од бразилска националност, две од Колумбија и едно од Венецуела, биле изведени пред судијата на меѓурегионалната јурисдикција во Форт-де-Франс, а потоа и приведени.
Подготвено од М.Д.