28.08.2024 Скопје
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје во текот на изминатите неколку дена спроведоа активности кои се однесуваат на одржување на фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк.
Покрај редовните активности за чистење на фонтаната, во текот на изминатиот период се спроведоа и дополнителни активности за детално чистење на внатрешноста на фонтаната, чистење на филтрите и прскалките, како и бојадисување на истата.
По спроведување на овие активности, фонтаната е повторно пуштена во употреба.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, продолжува посветено да работи во интерес на граѓаните и градот Скопје.
Подготвено од М.Д.