06.08.2024 Скопје

На 8 август во Струга, како дел од осмото издание на Дрим шорт фестивалот на краток филм, Фолтин ќе одржи концерт во Домот на културата, летна сцена.

На 16 август следува концертот на Фолтин во Битола, со предгрупи на младите битолски бендови „Tzar von time”, „Siotto jazz” и „Corrosion”, а специјални гости ќе бидат Суперхикс. Концертот, поддржан од Општина Битола и Стобанска банка Скопје, ќе се одржи на ракометното игралиште.

Во Кавадарци, во Домот на културата „Иван Мазов“ на 25 август ќе се одржи последниот концерт на Фолтин од оваа турнеја.

Целата турнеја е поддржана од „100 години Скопско”. Ако е летото жешко, нека е таква и музиката, порачуваат од Фолтин.

Подготвено од М.Д.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *