SIRNJE 2

05.08.2024 Скопје

Козјата чума нема да го запре производството на фета-сирење, објавија грчките фармери, додека производителите инсистираат да имаат доволно млеко и покрај тоа што илјадници животни се убиени од овој вирус на говеда. Фармерите негираа дека појавата на чума на кози и овци сериозно ќе влијае на производството на фета.

Висок функционер на здружението на сточари, Христос Копанос, рече дека досега се убиени околу 9.000 грла поради епидемијата, но дека Грција има 14 милиони кози и овци, повеќе од која било друга земја во ЕУ. Тој додаде дека годинава ќе се произведат 120.000 тони фета, а млеко има доволно бидејќи надлежните брзо реагирале на ваквата состојба. Минатиот месец беше откриена епидемија на чума на кози во Грција, а Владата воведе привремена забрана за движење или колење на овци и кози. Чумата зафати 22 фарми, главно во Централна Грција.

Вирусот не ги инфицира луѓето, но е многу заразен меѓу козите и овците и може да убие до 70 проценти од заразените животни. Кога ќе се открие случај на чума, неопходно е да се убијат сите животни на фармата, кои потоа се дезинфицираат, а властите ги тестираат животните во блиските области за болеста, според протоколите. Грчките власти ги засилија контролните мерки по избувнувањето на епидемијата, а досега се тестирани 200.000 грла.

Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации проценува дека болеста предизвикува загуби до 2,1 милијарди долари на глобално ниво секоја година.

Подготвено од М.Д.

About Author