TENERIFE

28.08.2024 Скопје

Островот на вечната пролет, како што го нарекуваат, е идеално место за љубителите на плажите и морските активности.

Тенерифе, најголемиот и најнаселен остров на Канарскиот архипелаг, се наоѓа во Атлантскиот Океан, во близина на африканскиот брег и е познат по својата единствена природа, пријатната клима и богатата култура.

Тенерифе е познат како „островот на вечната пролет“ поради неговата блага, суптропска клима. Температурите ретко паѓаат под 20 степени Целзиусови, што овозможува уживање во активности на отворено во текот на целата година.

Со оглед на тоа дека на островот речиси и да нема дожд, со просечна температура на водата која се движи помеѓу 18 степени во зима и 25 степени во лето, Тенерифе е идеално место за љубителите на плажите и морските активности.

Островот нуди спектакуларни пејзажи, од песочни плажи и карпести брегови до бујни шуми. Тука е и импозантниот вулкан Теида, највисокиот врв во Шпанија.

Оваа разновидност обезбедува многу можности за активности на отворено, како што се пешачење, параглајдерство и гледање китови.

Културно наследство и социјален живот

Тенерифе е седиште на најразновидните култури, со богата историја која ги комбинира шпанските и домородните влијанија. Овој културен микс е видлив во архитектурата, фестивалите и кујната.

Еден од најпознатите настани е карневалот во Санта Круз, кој е еден од најголемите улични фестивали во светот, пишува Нова.рс.

Оваа дестинација е актуелна во текот на целата година, а динамичниот социјален живот во Тенерифе е особено поволен за странците.

Подготвено од М.Д.

About Author