02.08.2024 Скопје
Енди Мареј ја заврши кариерата. Последниот меч му беше вчеравечер во четвртфиналето во двојки на Олимпијадата во Париз, во кое заедно со Ден Еванс загубија од Тејлор Фриц и Томи Пол – 2:6, 4:6.
Триесет и седумгодишниот Британец е поранешен светски шампион, трикратен победник на Грен слем и двократен олимписки шампион. Тој е единствениот кој ја одбрани олимписката титула во сингл, а единствениот двократен победник во сингл.
Во текот на својата кариера, Мареј освои 46 титули на АТП, вклучувајќи и 14 „Мастерс“. Тој беше на врвот на АТП листата 41 недела.
Покрај тоа, Мареј е носител на трофејот од Девис купот во 2015 година во репрезентацијата.
Подготвено од М.Д.